Достапни линкови

Пукнатина на мостот Гемиџии


Мостот Гемиџии во Велес

Мостот Гемиџии во Велес

Скоро три години жителите кои живеат во непосредна близина на мостот Гемиџии во Велес алармираат до надлежните да ја поправат пукнатината на мостот.

Ако беа потребни песетина години мостот кој ги поврзува левата и десната страна на Велес да добие име - мост Гемиџии, велешани се прашуваат колку ли години ќе бидат потребни надлежните да почнат да ја санираат пукнатината. Скоро три години жителите кои живеат во непосредна близина на мостот алармираат. Состојбата од ден на ден се влошува. Напукнатините се зголемуваат. И локалната самоуправа постојано ја следи состојбата, алармира и апелира, мостот Гемиџии да влезе во годишната програма на Фондот за патишта.
Мислам дека превземени се одредени чекори во однос на тоа да се утврди точно потребата и начинот на санацијата. Факторот време само го продлабочува проблемот


„Останува и понатаму буквално да притискаме до надлежните институции, да си ја преземат својата работа бидејки ова е ингеренција надвор од Општината.“

вели Петров. Најалармантна е состојбата на спојот над железничката пруга. Тука пукнатината е најголема. Затоа поставена е сигурносна метална конструкција. Покрај безбедноста состојба се заканува опасност левата страна на Велес да остане без вода. По самиот мост минува главната водоводна цефка која постојано е под притисок на бетонска плоча. Токму затоа локалната самоуправа вели дека тие вршат секојдневен притисок врз надлежните.

„Ние сме во комуникација со ЈКП Дервен, но и со надлежните државни институции кои се запознати. Мислам дека превземени се одредени чекори во однос на тоа да се утврди точно потребата и начинот на санацијата. Факторот време само го продлабочува проблемот, проблемот ниту ќе се реши сам од себе ниту пак ќе се задржи на ова ниво, тоа е градежен објект кој доколку не се санира може да дојде проблемот со поголеми димензии што на крајот повторано таа државна институција ќе мора да даде повеќе пари."

вели градоначалникот Петров. Фондот за патишта неколку пати излегол на терен, направени се потребните мерења. Тие пак покажува дека мостот е безбеден и за патнички и за моторен сообраќај. Граѓаните чии домови се во непосредна близина на мостот Гемиџии не се толку сигурни околу безбедноста, па затоа постојано ги опоменуваат своите деца да не играат под самиот мост.
XS
SM
MD
LG