Достапни линкови

Хрватско-словенечкиот модел не може да биде искористен во изнаоѓањето на решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција.

Словенечкиот амбасадор во земјава Алан Бергант вели дека за разлика од Македонија тие најпрвин се обиделе спорот со Хрватска да го решат самостојно, па потоа побарале помош од трета страна, односно од Европската комисија и од судот за правда. Македонија веќе има посредник, а тоа се Обединетите Нации и Метју Нимиц, вели тој.
Тоа што Македонија може да го земе како позитивен пример од ова, е можноста преку дијалог, со средби, со разговори да се дојде до некое решение. Значи тоа би било добро од нашиот модел


,,Тоа што Македонија може да го земе како позитивен пример од ова, е можноста преку дијалог, со средби, со разговори да се дојде до некое решение. Значи тоа би било добро од нашиот модел.“

Претседателот на институтот за демократија, Владимир Мисев вели дека се работи за две различни прашања и проблемот со името неможе да се реши на тој начин, туку само под капа на Обединетите Нации.

,,Станува збор за многу почувствителни прашања отколку конкретно прашање како што е границата, без разлика дали копнена или водена, станува збор за многу почувствително прашање, идентитетски, културни прашања кои што неможат на едноставен начин со судска арбитража да се решат.“
Станува збор за многу почувствителни прашања отколку конкретно прашање како што е границата, без разлика дали копнена или водена, станува збор за многу почувствително прашање

Пред неколку дена претседателот Ѓорѓе Иванов ја инцираше идејата по примерот на Хрватска преговорите со Унијата Македонија да ги започне под привремената референца ФИРОМ и паралелно да ги води разговорите со името. Тоа по средбата со премиерот Никола Груевски го побара и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Мевлут Чавушоглу. Бергант вели дека тоа би било прифатливо и за Словенија.

,,Секое решение што ќе оди кон позитивно решение на ова, ние ќе го прифатиме. Така што ова решение, како македонската страна гледа на тоа, тоа треба нив да ги прашате.“

Според Бергант сепак таков предлог не би бил прифатлив за Грција и македонската Влада треба да покаже поактивна улога и ако е потребно да побара помош и од Европската унија. Сега засега нема ни иницијатива од Словенија да се вклучи во спорот, но тие и натаму ќе ги поттикнуваат двете страни да дојдат до договор. Тој најави и дека словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар ќе ја посети Македонија по објавувањето на извештајот за напредокот на земјата и пред самитот на НАТО.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG