Достапни линкови

Хилари Клинтон се сретна со српскиот претседател Борис Тадиќ


Американската државна секретарка Хилари Клинтон се сретна со српскиот претседател Борис Тадиќ во Белград на првиот ден од нејзината дводневна балканска турнеја. Предвидено е во Белград таа да се сретне и со премиерот Мирко Цветковиќ. На состанокот ќе присуствуваат и вицепремиерите Ивица Дачиќ, Божидар Ѓелиќ и Млаѓан Динкиќ. Клинтон треба да се сретне и со српскиот шеф на дипломатијата Вук Јеремиќ и со министерот за одбрана Драган Шутановац.
Таа во Белград пристигна од Сараево. Нејзината турнеја на Балканот завршува утре со посетата на Приштина.
XS
SM
MD
LG