Достапни линкови

Најстариот син на севернокорејскиот лидер е против наследната власт


Најстариот син на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил изјави дека се противи, неговото семејство да остане на власт во Северна Кореја и трета генерација. Во интервју за јапонската телевизија Асахи, 39-годишниот Ким Џонг Нам рече дека е против тоа власта во неговата земја да биде наследна. Неговиот најмлад полубрат Ким Џонг Ун неодмана беше назначен за генерал и се смета дека е избран за насленик на својот татко.
Најстариот Ким Џонг Нам, познат по неговата страст за коцкање, беше најсериозен кандидат за наследник на неговиот татко. Тој влезе во немислост на лидерот Ким Џонг Ил откако беше фатен при обидот, со лажен пасош, да влезе во Јапонија каде што сакал да го посети Дизниленд во Токио
XS
SM
MD
LG