Достапни линкови

logo-print

Турција ја повика Франција да им помогне на патот кон ЕУ


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу ја повика Франција да и помогне на Анкара да напредне на патот кон ЕУ.
Турција започна преговори со ЕУ пред пет години, но дел од нејзините преговори беа замрзнати или западнаа во ќорсокак поради одбивањето на Анкара да ги отвори пристаништата за трговија со Кипар, кој е член на ЕУ.
Франција е една од главните противнички на присоединувањето на Турција кон Европската унија.
Кушнер истакна дека Анкара и ЕУ можат да почнат преговори по три поглавја, но ја повика Турција да оди напред со реформите.
Турција е категорична дека нема да му дозволи на Кипар да ги користи нејзините пристаништа и аеродроми, додека не биде пронајдено целосно решение за проблемот на островот и не им биде дозволено на кипарските Турци да тргуваат со ЕУ.
XS
SM
MD
LG