Достапни линкови

logo-print

Без Пакистан, нема мир во Авганистан


Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани изјави дека постигнувањето мир во Авганистан не е можно без пакистанска помош. Пакистан, официјално престана да ги подржува авганистанските талибанци, откако се приклучи во американската војна против тероризмот, по нападите на Светскиот трговски центар во Њујорк од 11 септември 2001 година. Сепак, Пентагон соопшти дека некои елементи на пакистанската разузнавачка служба имаат врски со бунтовниците што може да се гледа како „подршка на терористичките организации, наместо борба против нив“.
XS
SM
MD
LG