Достапни линкови

Јанкулоска - Одлуката на Уставен е неиздржана, но ќе ја почитуваме


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска смета дека одлуката на Уставниот суд да укине дел од бенефициите за пензионирањето на полицајците е неиздржана и недоволно аргументирана. Таа, сепак, потенцира дека МВР е должно да ја испочитува одлуката.
Министерката Јанкулоска најави дека во иднина ќе се бараат други начини за полициските службеници да добијат различни услови за заминување во пензија, како што е случај во сите западноевропски земји.
XS
SM
MD
LG