Достапни линкови

logo-print

Босанскиот премиер со сила ќе спречува отцепување на Република Српска


Босанскиот премиер, Златко Лагумџија во интервју за „Тајмс“ се закани со употреба на сила за да го спречи отцепувањето на Република Српска.

„Или ќе најдам начин легитимно да го спречам Милорад Додик во кршењето на одредбите на Уставот на земјата, употребувајќи физичка сила, на која имам право или ќе бидам сменет, па потоа некои радикали ќе го направат истото тоа“, вели Лагумџија за лондонскиот весник.

Во неговата партија СДП, која освои најмногу гласови на последните избори во БиХ, има припадници од сите три народи во Босна.
Лагумџија вели дека тој и неговата Влада ќе се борат со сите средства протв сецесионизмот, зашто во спротивност исламските радикали ќе започнат нова војна.
Острата реакција на босанскиот премиер доаѓа, по низата изјави на лидерот на босанските Срби Милорад Додик дека Република Српска има право на независност исто како и Косово.
XS
SM
MD
LG