Достапни линкови

Скопските домови (не)безбедни од земјотреси?


Новите градби (не)безбедни?

Новите градби (не)безбедни?

Низата земјотреси во Скопје деновиве ги вознемирија граѓаните. Според надлежните, прописи постојат, но нема институција за супервизија, па оттука постојат и пропусти.

По низата земјотреси во последните неколку дена, граѓаните се вознемирија за својата безбедност. Стихијното и непланско градење на објекти во главниот град го поставува прашањето за сигурноста на нашите домови. Дали и колку се внимава на сеизмолошката заштита при проектирањето и конструкцијата на одреден објект? Од институтот за земјотресно инженерство објаснуваат дека не постои
Генерално, можам да кажам, можеби некогаш има пропусти во проектирање, коишто ние можеме да ги воочиме кога одиме по градот, но генерално гледано, мислам дека објектите во Скопје се во ред и дека се проектираат како што треба со некои мали исклучоци.
интитуција која прави супервизија на објектот и неговата издржливост на поголеми потреси. Прописи и стандарди постојат, но пропусти секогаш има, признаваат од таму.

„Генерално, можам да кажам, можеби некогаш има пропусти во проектирање, коишто ние можеме да ги воочиме кога одиме по градот, но генерално гледано, мислам дека објектите во Скопје се во ред и дека се проектираат како што треба со некои мали исклучоци.“

вели директорот на институтот, Михаил Гаревски.

Статиката на еден објект е многу важна, вели конструкторот Андреа Таневски. Кога проектираме, вели тој, внимаваме објектот да ја има минималната заштита од можни оштетувања.

„Кај нас постои стандард за сеизмичко градење, тој е малку застарен, но и таков има одредена функција и ги заштитува објектите од одредени влијанија.“

Но, сосема различно е мислењето на градежниот инженер Павел Трендафиов. Како претседател на синдикатот за градежни работници, тој апелира до надлежните органи да вршат соодветна контрола на објектите кои се градат. За разлика од
Нема никакви контроли кои би ги прецизирале тие работи...
големите градежни компании, кои внимаваат на процедурата и ги запазуваат сите стандарди за градба, повеќето мали фирми тоа не го прават, вели Трендафилов.

„Нема никакви контроли кои би ги прецизирале тие работи. Се гради во стихија на целата територија на Република Македонија, посебно на територијата на Скопје, за жал не со стандарди кои би ги заштитиле граѓаните од евентуални потреси.“

Од институтот за земјотресно инженерство велат дека земјотресите тешко се предвидуваат. Затоа и потенцираат дека во филозофијата на проектирањето на објектите се дозволуваат одредени конструктивни оштетувања, но без опасност од нивно уривање.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG