Достапни линкови

Разбојништво на Бензиска пумпа во Бутел


Две маскирани лица вооружени со пиштоли ноќеска во 2 часот и 40 минути ја ограбиле бензинската пумпа „Лукс Оил-Еси“ на улицата „Александар Урдаревски“ во скопската населба Бутел 1. Украдени се меѓу 20.000 и 30.000 денари и два телефона „Нокиа“
Како што соопшти МВР, разбојниците ги принудиле вработените Е.М. (1951) и Н.М.(1985) да легнат и да им ги предадат парите. Еден од разбојниците со кундакот од пиштолот го удрил Н.М. во пределот на слабината и со клоци по грбот и стомакот, а другиот го одзел дневниот пазар и мобилните телефони, по што со трчање заминале кон гробиштата „Бутел“.
Полициската станица - Чаир презема мерки за идентификување и пронаоѓање на разбојниците.
XS
SM
MD
LG