Достапни линкови

Како Вашингтон ја принуди Европа да го спаси еврото?


САД извршиле притисок врз Европа со цел финансиски да ја поддржи Грција, пишува „Фајненшл тајмс“.
Одлуката на европските лидери за создавање на финансискиот пакет за помош на Грција и на останатите држави од еврозоната во голем дел се должи и на силниот притисок на САД, поради загриженоста на американската Влада од опасноста за проширување на кризата поради немоќта на Европа за брзо решавање на проблемот, наведува весникот.
Весникот во натписот под наслов „Како Вашингтон ја принуди Европа да го спаси еврото“, пишува дека високи претставници од Европа, САД и ММФ организирале две „значајни“ средби во Вашингтон кон крајот на април на кои била одредена рамката на акциите за спас.
На една од средбите, американските претставници нагласиле дека Европа „треба да го реши овој проблем и да ги смири пазарите, во спротивно кризата ќе се прошири како пожар“, изјави тогашниот британски министер за финансии Алистер Дарлинг.
XS
SM
MD
LG