Достапни линкови

Дајмлер повлекува 100 илјади мерцедеси од САД и Британија


Германскиот авто производител Дајмлер АГ објави дека повлекува 100 илјади возила од САД и Велика Британија поради губењето на течноста во системот за кочење. Повлекувањето се однесува на мерцедесите од Ц класа од 2010 година и Е класа 2010/2011 година. Компанијата извести дека губењето на течноста може да ја отежне контролата при паркирање кога е потребна најголема сила за вртење на воланот.
XS
SM
MD
LG