Достапни линкови

Свечена академија по повод 11 Октомври


По повод 11-ти Октомври Денот на македонското востание синоќа во Домот на АРМ беше одржана свечена академија на која присуствуваше државниот и црковниот врв, како и претставници на дипломатскиот кор во државата. Во обраќањето претседателот на владата на РМ Никола Груевски изјави дека со прославата на 11 Октомври Македонија го прославува големото дело на борците од НОБ. Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, додаде Груевски, и покрај блокадите остануаваат стратегиски приоритети. Но, и покрај недокрај остварената цел поради наметнатата блокада од нашиот јужен сосед, продолжуваме со реформите и модернизацијата на земјата рече премиерот Груевски.
XS
SM
MD
LG