Достапни линкови

Продолжува судењето за убиството на Пуканиќ


Во Белград пред специјалниот суд денеска ќе биде продолжено судењето против групата на Сретен Јоциќ- Амстердам, кој е обвинет за убиството на сопственикот на хрватскиот неделник „Национал“ Иво Пуканиќ и неговиот соработник во Загреб во октомври 2008- та година. Планирано е сведочење по пат на видео конференциска врска на членовите на групата на која за убиството на Пуканиќ и се суди во Хрватска. Обвинителството за организаран криминал наведува дека тројцата членови на групата убиството го извршиле со делување во рамките на осумчлена меѓународна организирана криминална група чии припадници биле државјани на Србија, Хрватска и БиХ.
XS
SM
MD
LG