Достапни линкови

logo-print

Додека во странство просечните граѓани дел од парите ги инвестираат во банка, а дел во акции, во Македонија граѓаните предност им даваат на банките, наместо купувањето акции.

Македонските граѓани не ги користат бенефициите од промените на странските пазари, се согласуваат упатените. Додека во странство просечните граѓани дел од парите ги инвестираат во банка, а со друг дел купуваат акции, во Македонија е евидентно дека за инвеститорите поатрактивни вложувањата во банка наместо купувањето акции. Од тука очигледно е и дека информации за цената на нафтата на светските берзи и цената на златото за просечниот Македонец не се интересни. Директорот на „Илирика Фунд менаџмент“ Александар Манев констатира дека македонските инвеститори за сега не гледаат бенефит од овие информации:

,,Крајот на 2008 односно почетокот на 2009 година цената на нафтата од нешто над 35,36 долари со заздравувањето на светската економија се искачи на 85 долари, тоа е фантастичен пораст од 130%, меѓутоа повторно се наметнува прашањето: што од тоа? Македонските граѓани за жал немаат никаков бенефит од случувањата во глобалната економија.“
Фокусирање на тие светски пазари и преку стекнување навика на инвеститорите долгорочно да мислат на својата иднина, народски кажано да не мислат од ,,петок за сабота“ туку да се концентрираат на долг рок за своите финансии


Дел од причините зошто македонските државјани не „играат“ на странските берзи лежи во законската регулатива. Согласно постојните закони, само инвестициските фондови во Македонија може да тргуваат на странските берзи, можност која ја немаат брокерските куќи и физичките лица. Сепак, и оваа ситуација може да се искористи за паметно штедење на долг рок, смета Манев и појаснува дека инвеститорите не треба веднаш да очекуваат резултати:

,,Фокусирање на тие светски пазари и преку стекнување навика на инвеститорите долгорочно да мислат на својата иднина, народски кажано да не мислат од ,,петок за сабота“ туку да се концентрираат на долг рок за своите финансии.“

Александар Манев
Но кај нас се чини дека инвестициските фондови за сега ја немаат освоено довербата на граѓаните. Како штопокажуваат бројките, просечниот инвеститор од Словенија вложува 2.000 евра во банка, а по 1.000 евра инвестира во инвестициски фонд. Во Македонија, пак, во банка се инвестираат по 1.500 евра, а инвестициските фондови, според статистиката, добиваат по едно евро. Од тука и прашањето како фондовите можат да ја „освојат“ довербата на граѓаните кои за сега се видно позаинтересирани за високите каматни стапки на штедните влогови во банките? На ова прашање одговара Коста Костадиновски, директор на инвестициски фонд:

,,Трендот на каматната стапка е во пад извесно време и очекувањата се доколку има опоравување, доколку се случи опоравување ќе се згоелми актрактивноста на берзите и на инвестициските фондови.“

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG