Достапни линкови

Уапсен директорот на фабриката за алуминиум во Унгарија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека полицијата го уапсила директорот на компанијата што ја поседува фабриката за алуминуим која ја предизвика најголемата еколошка катастрофа во земјата. Сметките на компанијата се замрзнати.
Од резервоарот на фабриката се излеаја околу 700 илјади кубни метри отровна црвена јаловина. Во несреќата загинаа 7 луѓе, стотици се повредени, а 4 села се евакуирани.
Властите стравуваат дека може да дојде до ново излевање на јаловина.
Експерти од Европската унија треба да пристигнат во Унгарија да помогнат во чистењето на отровниот отпад.
XS
SM
MD
LG