Достапни линкови

Американски спасувачи убиле киднапирана Британка во Авганистан?


Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска соопшти дека е можно британската хуманитарка во Авганистан да е убиена од американските војници, а не од киднаперите.
Британката Линда Норгров загина во петокот во источен Авганистан при неуспешниот обид за спасување, откако помина околу две недели во талибанско заложништво.
Првичните информации велат дека таа загинала во бомба детонирана од талибанците, но можно е гранатата да била активирана од припадник на американскиот спасувачки тим.
XS
SM
MD
LG