Достапни линкови

Доживотен затвор за полицаецот што уби тинејџер во Атина


Судот во градот Амфиса пресуди доживотен затвор за грчкиот полицаец што во декември 2008 година го уби 15-годишниот Алексис Григоропулос во атинскиот кварт Егзархија, по што избија големи немири во Грција. Партнерот на осудениот полицаец доби 10 години затвор за соучесништво.
Одбраната најави дека ќе се жали на пресудата.
Смртта на младиот Григоропулос предизвика двонеделни насилни протести ширум Грција.
Екстремни левичарски организации се заканија дека ќе го убијат полицаецот, поради што судењето беше префрлено од Атина во градот Амфиса кој е 200 киломтри одалечен од главниот град на Грција.
XS
SM
MD
LG