Достапни линкови

Експерти на ЕУ во чистењето на отровниот отпад во Унгарија


Експерти од Европската унија треба да пристигнат во Унгарија да помогнат во чистењето на отровниот отпад што се излеа од фабрика за алуминиум и ја предизвика најголемата еколошка катастрофа во земјата.
Од резервоарот на фабриката се излеаја околу 700 илјади кубни метри црвена јаловина. Во несреќата загинаа 7 луѓе, стотици се повредени, а 4 села се евакуирани.
Властите стравуваат дека може да дојде до ново излевање на јаловина.
XS
SM
MD
LG