Достапни линкови

Кина откажа средба со норвешки министер


Кина ја откажа средбата со норвешкиот министер за рибарство, откако Нобеловиот комитет во Осло му ја додели Нобеловата награда за мир на кинескиот дисидент Лиу Ксиаобо.
Норвешките власти соопштуваат дека нивниот министер веќе бил во Кина, кога дознал дека состанокот со кинескиот заменик министер за земјоделство, што беше закажан за утре, е откажан.
Кина остро протестираше против доделувањето на Нобеловата награда на Ксиаобо и предупреди дека тоа ќе им наштети на односите меѓу Кина и Норвешка. Тие две земји се најголемите извозници на риба во светот.
XS
SM
MD
LG