Достапни линкови

Дали судството е независно од политиката, е најновото прашање во рубриката Хајд парк. Во коментарите главно доминира мислењето дека судството не е независно.

Што велат граѓаните за независноста на судството од политиката во Македонија и за нивната еднаквост пред судовите - е новото прашање, почитувани, на веб-страницата на Радио Слободна Европа, њњњ.макденес.орг и њњњ.слободнаевропа.мк. Анкетата веќе сте ја виделе и сте слушнале што мислат Скопјани за неа, а и вашите коментари се слични на нивните. Димитар од Скопје реагира на првиот анкетиран граѓанин, кој има забелешки само за Уставниот суд, па го подучува граѓанинот дека Уставен само одредува дали нешто е или не е во согласност со Уставот на Република Македонија. ,,Уставниот ли ви е проблем сега? Абре луѓе,, - пишува Димитар, како може цајканите да добијат привилегии, а војниците кои окапаа на протести, да не ги рецкаат 5 проценти? Сменете го Уставот ако сакате да има такви поделби во земјава,, - препорачува Димитар од Скопје. И некој слушател од Берово што се потпишал со: ,,Така е,, очигледно се согласува со Димитар. Тој прашува зошто полицајците да се поеднакви од другите? ,,Нам како рози да ни цветаат. А судовите се за на буниште сите. Каква еднаквост? Глупости,,, - смета слушателот од Берово. Ивица, пак, од Скопје вели, ,,какво судство,
таква држава. Народот бега во странство по бел леб, а странски инвестиции нема. Арно ама,, - додава Ивица, ,,не е само до судиите. Главни виновници се политичарите. Односно власта,, завршува Ивица. Еден наш слушател испратил коментар на нашиот текст за поскапувањето на струјата. ,,Тоа би значело шок за сиромашниот македонски народ,, - пишува Роберт, од град ,,пп,,. ,,Европската комисија нека наложи и работни места и плата која нема да биде бедни 7-8 илјади за која работат луѓе надвор од Скопје во Македонија, и не е 18 илјади денари, како што кажуваат од Заводот за статистика. 100 години назад. Мрак за бедните,, - коментира Роберт. Инаку, во врска со текстот за економската состојба во земјава и со коментарот на еден слушател потпишан дека е од ,,УСА,, кој вели дека се' е резултат на економската криза во светски рамки и дека и таму е лошо, нашиот редовен слушател што се потпишува со С и Дупло В му одговара: ,,Една препорака до ,УСА,: Ако ти е таму уште полошо од овде, зошто не се вратиш тука? Ама послатки се доларите од денарите. И уште имаш образ да коментираш,, пишува слушателот. ,,Со кое право од страна коментирате за ситуација која воопшто не ве тангира? Седете си таму и молчете, подобро ќе ви биде,, реагира С и Дупло В. Ангело од Скопје смета дека причината сиромаштијата на народот е што секогаш партискиот се става пред интересот на државата.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG