Достапни линкови

Отунбаева: демократски избори во Киргистан


Претседателката на Киргистан Роза Отунбаева денеска оцени дека во таа земја вчера за прв пат биле одржани слободни парламентарни избори откако таа поранешна советска република пред 20 години прогласи независност. Во телевизиското обраќање таа оцени дека властите, партиите и народот направиле се за да може светот да каже дека во Киргистан се возможни демократски избори. Според првичните резултати, националистичката партија Ата Џурт е во мала предност во однос на социјалдемократите кои ја поддржуваат сегашната преодна влада. Изборите беа одржани под строги мерки за безбедност поради неодамнешните крвави етнички судири меѓу киргизите и узбеците.
XS
SM
MD
LG