Достапни линкови

Словенија: опозицијата води на локалните избори


Демократската партија на поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша освои 19,2 отсто од гласовите на вчера одржаните избори за локалната власт, а за социјалдемократите на премиерот Борут Пахор гласаа 11,8 отсто од избирачите, покажуваат разултатите од 60 насто од преброените гласови. Во Љубљана со големо мнозинство беше избран досегашниот градоначалник на левиот центар Зоран Јанковиќ кој не беше кандидат на владејачката партија, но ја поддржа политиката на владата. Освен за градоначалници, Словенците гласаа и за општински совети во над 3.300 населени места. Одѕивот на изборите беше 48 проценти.
XS
SM
MD
LG