Достапни линкови

Нобеловата награда за мир посветена на жртвите од Тиенанмен


Затворениот кинески дисидент Лиу Ксиаобо годинашната Нобелова награда за мир им ја посвети на оние што загинаа кога кинеските сили интервенираа против демонстрантите кои во 1989 година на плоштадот Тиенанмен во Пекинг протестираа за поголеми демократски права. Ова го соопшти неговата сопруга која вчера се сретна со Лиу. Веднаш потоа, како што јавуваат агенциите, кинеските власти и одредиле домашен притвор. Пекинг ја осуди одлуката на Нобеловиот комитет во Осло и наведе дека таа ќе ги загрози односите меѓу Кина и Норвешка.
XS
SM
MD
LG