Достапни линкови

Денеска е 11 Октомври


Денеска е единаесетти октомври. На денешен ден во 1941 година во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин бил означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, со цел за конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласиле и истрелите на кумановските партизани. Почнала четиригодишната Народно ослободителна војна за конечо ослободување на земјата која завршила со успех само во еден дел на Македонија.
XS
SM
MD
LG