Достапни линкови

Воен ветеран назначен за прв човек на авганистанскиот Мировен совет


Ветеран обвинет за воени злосторства е назначен за прв човек на Авганистанскиот мировен совет, новоформирано тело со мисија за изнаоѓање на мирна разрешница на војната со Талибанците и другите бунтовнички групи. Од кабинетот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи соопштија дека за прв човек на советот бил назначен Бурханудин Рабани. Според меѓународната „Хјуман Рајтс Воч“, Рабани се товари за убивање и раселување на илјадници авганистанци за време на конфликтот во земјата во првата половина на деведесеттите години.
XS
SM
MD
LG