Достапни линкови

Хилари Клинтон во посета на Босна и Херцеговина


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ја почнува тридневната турнеа на Балканските земји. Прва дестинација на Клинтон е Босна и Херцеговина каде таа ќе се сретне со лидерите на етничко поделената земја. Предвидено е државниот секретар на САД да разговара за исходите од парламентарните избори кои во земјата се одржаа пред неполн месец. По Босна, Клинтон заминува за Србија каде со тамошните власти ќе разговара за безбедносната ситуација во регионот и за Косово.
XS
SM
MD
LG