Достапни линкови

Киднапиран вработен во иранска нуклеарна централа


Сунитска милитантна организација во Иран соопшти дека киднапирала вработен во иранска нуклеарна централа. Организацијата Џандала соопшти дека заробениот знае многу тајни за иранските нуклеарни експерти и оти нивното објавување „скапо ќе го чини иранскиот режим“.
Организацијата побара Техеран да ги пушти од затвор членовите на организацијата во замена за молчење.
Иранските власти го потврдуваат киднапирањето, но велат дека киднапираниот само кратко време бил работник во Организацијата за атомска енергија.
XS
SM
MD
LG