Достапни линкови

Металург и Пелистер се пласираа во 3 коло од купот на ЕХФ


Двата македонски ракометни клуба Металург и Пелистер, успеаја да го минат второто коло од купот на ЕХФ, откако синоќа во реванш дуелите остварија победи за вкупен триумф против своите ривали.
Шампионот Металург беше подобар од Брест Мешково со 32:23.
Пелистер, пак, во драматичен меч го совлада Дуделанж со 26:22 што беше доволно да се анулираат трите голови негатива од првиот дуел. Решавачкиот гол го постигна капитенот на битолчани Сашо Јанкуловски на три секунди пред крајот на натпреварот.
Металург и Пелистер ќе ги добијат противниците од третото коло во вторник на извлекувањето во ЕХФ.
XS
SM
MD
LG