Достапни линкови

Ставрески се среќава со потпретседателот на Светската банка


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, денеска во Вашингтон ќе се сретне со потпретседателот на Светската банка Филип Леру и со директорката за Македонија Џејн Армитаџ.
Ставрески ја предводи македонската делегација на Годишното собрание на ММФ и на Светската банка.
ММФ вчера и понуди на Македонија кредит од 400 милиони долари со поволна каматна стапка од 1,3 проценти годишно.
Ставрески најави дека понудата ќе биде разгледана од Владата, а ќе биде консултирана и експертската јавност и стопанствениците.
XS
SM
MD
LG