Достапни линкови

Идниот севернокорејски лидер се појави на телевизија


Ким Џонг Ун, најмладиот син на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил и човек за кого се верува дека е идниот лидер на Северна Кореја се појави на националната телевизија. Тој заедно со својот татко ја гледаше воената парада во чест на 65-годишнината од владеењето на корејската Работничка партија во Пјонгјанг.
Минатиот месец, Ким Џонг Ун беше назначен за генерал и потпретседател на партиската Централна воена комисија. Според аналитичарите, тоа е знак дека го подготвуваат за наследник на својот татко за кого се претпоставува дека е тешко болен.
XS
SM
MD
LG