Достапни линкови

Протести против геј-парада во Белград


Илјадници луѓе протестира на улиците на Белград против плановите, утре да се одржи геј-парада во градот. Полицијата проценува дека на денешните протести присуствувале околу 10 илјади луѓе.
Српската православна црква е против одржувањето на геј-парада, но предупреди да нема насилство против тие што ќе излезат на манифестацијата.
Се очкува на утрешната парада да присуствуваат околу 1000 луѓе. Тие ќе бидат обезбедувани од илјадници полицајци.
Учесниците на геј-парадата во Белград во 2001 беа нападнати и претепани. Минатата година, планираната парада не се одржа поради безбедносни закани.
XS
SM
MD
LG