Достапни линкови

ЕУ отвора нови поглавја во преговорите со Турција?


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека го фаворизира проширувањето на разговорите за турското приклучување кон ЕУ. По разговорите со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, таа рече дека ќе се разговара за отворање нови поглавја во преговорите за членство на Турција.
Турција досега има отворено 13 од 33 поглавја. Осум поглавја се замрзнати додека Турција не ги отвори пристаништата за кипарските бродови.
Турскиот премиер ја повика Унијата да не го кочи евроинтегративниот пат на Турција.
XS
SM
MD
LG