Достапни линкови

Спасувачите стигнаа до чилеанските рудари


Чилеанските спасувачи ископаа тунел до 33 рудари кои, повеќе од два месеци, се заробени во еден рудник. Спасувачите соопштија дека во текот на денов ќе одлучат кога ќе почнат да ги извлекуваат рударите. Министерот за рударство на Чиле Лоренс Голборн претходно соопшти дека, откако ќе се ископа тунел до рударите, ќе поминат меѓу 3 и 10 дена додека да почне извлекувањето.
Рударите се заробени на 700 метри длабочина во еден рудник за злато и бакар на северот на Чиле од 5 август.
XS
SM
MD
LG