Достапни линкови

Шефот на кабинет на Путин, кандидат за градоначалник на Москва


Владејачката партија во Русија предложи четири кандидати за нов градоначалник на Москва, откако Јури Лужков беше разрешен од функцијата. Меѓу предложените кандидати е и шефот на кабинетот на рускиот премиер Владимир Путин, Сергеј Собјанин.
Претседателот Дмитриј Медведев треба да избере еден од предложените кандидати од партијата Обединета Русија. Една петтина од руската економија е сместена во главниот град.
XS
SM
MD
LG