Достапни линкови

Пожар на брод во Балтичко Море, сите патници спасени


Околу 235 патници биле спасени од бродот кој се запалил во Балтичко Море и безбедно биле превезени до Кил. Бродот пловел од германското пристаниште Кил до Литванија, кога се случила експлозија и избувнал пожар. Поголемиот дел од патиците биле од Русија и од балтичките земји. Според претставник на германската полиција, нема никакви индиции дека би можело да станува збор за терористички чин, но се истражуваат сите опции.
XS
SM
MD
LG