Достапни линкови

Арапската Лига за спас на израелско - палестинските преговори


Министрите за надворешни работи на Арапската Лига, на состанокот во Либија се согласиле да им дадат на Соединетите Држави уште еден месец во обидите да бидат спасени израелско – палестинските мировни преговори. Арапската Лига ја подржа одлуката на палестинското раководство да не преговара се додека Израел повторно не ја замрзне изградбата на доселенички населби на Западниот Брег, но исто така оцени дека на Вашингтон треба да му се даде време да го надмине проблемот. Стејт Департментот ја поздрави одлуката на арапските земји, најавувајки дека ќе продолжи да работи на наоѓање решение за блиско-источниот конфликт, кое ќе доведе до формирање палестинска држава до Израел.
XS
SM
MD
LG