Достапни линкови

logo-print

Битола економски стагнира


Битола

Битола

Опозицијата во битолската општина вели дека економскиот развој стагнира. Во Битола се регистрирани 17 000 невработени.

Економскиот развој во Битола стагнира. Тоа го покажуваат дури и ставките од ребалансот на буџетот на битолската општина кои се однеуваат на економскиот раст, а одат надолу, што е загрижувачки податок, велат од локалната опозиција.

„Во Битола секоја година се гради се помалку и помалку, а доказ е ставката приходи од неизградено градежно земјиште. Кон планираните 19 милиони, со ребалансот се намалува на скромни 9 милиони денари. Се намалуваат приходите од ДДВ што е показател дека се помалку се троши. За 50 проценти е намален интересот за рекламирање и огласување на јавни места. И намалување на надоместокот за уредување на градежното земјиште за околу 30 проценти се уште еден показател дека економијата во градот пропаѓа. Битолските бизнисмени не се моќни да вложуваат. А ако сакате да дознаете кога во Биотола се отворил некој поголем индустриски капацитет ќе мора да ги прашате постарите битолчани“, изјави Валентин Груевски од ЛДП.

Статистиката покажува дека дури над 17000 битолчани се без работа. Градоначалникот Владимир Талески се обидува проблемот да го реши со нудење на поволности за инвестирање во индустриската зона Жабени.

„За инвеститори кои ќе откупат градежно земјиште најдоцна до 31 март идната година да се ослободат од надоместок за комунално уредување во висина од сто отсто со обврска да започнат со работа во рок од 18 месеци. Процентот за ослободување се намалува за пет индексни поени за секој месец од договорениот термин. За инвеститорите кои ќе вработат повеќе од 300 граѓани до крајот на 2012 година, без разлика кога ќе почнат да работат да имаат сто процентно ослободување од комуналии“, вели Талески.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG