Достапни линкови

ММФ и понуди на Македонија кредит


,,Меѓународниот монетарен фонд и понуди на Македонија безусловна отворена кредитна линија во висина до 400 милиони долари со поволна каматна стапка од 1,3 проценти годишно,, изјави денеска во Вашингтон вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Според него, како што јави МИА, не станува збор за аранжман, туку за кредит. Вицепремиерот појасни дека ММФ го воведе овој инструмент неодамна за земји кои немаат ургентен проблем или други потешкотии, но им се потребни средства за реализација на капитални инвестиции, за исплата на обврски кон стопанството, за да не се задолжуваат на домашен пазар со државни обврзници.
XS
SM
MD
LG