Достапни линкови

Барања за ослободување на нобеловецот Ксиаобо


Повеќе влади во светот, невладини организации, како и тибетскиот духовен лидер Далај Лама ја повикаа Кина да го ослоби дисидентот Лиу Ксиаобо кој денеска ја доби годинашната Нобелова награда за мир. 54 годишниот борец за човекови права, лани беше осуден на 11 години затвор поради поттикнување на уривањето на државата власт. Во меѓувреме, Кина ја осуди одлуката на Нобеловиот комитет во Осло. Во министерство за надворешни работи беше повикан норвешкиот амбасадор во Пекинг за да му биде пренесено незадоволството на владата во врска со наградата.
XS
SM
MD
LG