Достапни линкови

logo-print

Ставрески: излегување од кризата


Проекциите што ги направи Меѓународниот монетарен фонд за македонската економија се охрабрувачки, изјави денеска македонскиот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески во Вашингтон. ,,И ММФ и Владата предвидуваат дека втората половина ќе биде подобра за македонската економија и оти следната година Македонија ќе биде меѓу земјите кои ќе остварат релативно повисоки стапки на раст,, изјави тој оценувајќи дека тоа значи оти земјата излегува од кризата. Ставрески ја предводи македонската делегација на Генералното собрание на ММФ и Светска банка.
XS
SM
MD
LG