Достапни линкови

logo-print

Трговијата меѓу Турција и Кина во нивните валути


Турција и Кина денеска за време на посетата на кинескиот премиер Вен Џиабао на Анкара потпишаа осум спогодби за зајакнување на трговијата и на вкупната соработка меѓу двете земји, чии економии бележат најголем раст во светот. Премиерот Реџеп Таип Ердоган на прес конференцијата по средбата со Вен изјави дека целта на двете земји е да ја зголемат билатералната трговија на 50 милијарди долари годишно, од сегашната која достигнува околу 17 милијарди долари. Ердоган укажа дека двете земји се согласиле да ги користат сопствени валути, лирата и јуанот, а не доларот, во билатералната трговија и додаде дека соработката во областа на атомската енергија ќе биде дел од трговијата со Кина.
XS
SM
MD
LG