Достапни линкови

logo-print

Македонската и Виенската берза потпишаа договор за соработка


Македонската берза АД Скопје и Виенската берза, потпишаа Договор за соработка во доменот на дистрибуција на берзански податоци.
Согласно Договорот, податоците од тргувањето на Македонската берза во реално време ќе се дистрибуираат преку посебната апликација за дистрибуција на податоци развиена од Виенската берза, преку која се врши консолидација и дистрибуција на берзански податоци од осум берзи на хартии од вредност, односно од членките на групацијата на берзи од Централна и Источна Европа (Виена, Будимпешта, Љубљана и Прага), како и од берзите во Букурешт, Сараево, Бања Лука и Скопје. Оваа апликација како извор на податоци за цени и други финансиски информации користи над 200 дата вендор-и.
XS
SM
MD
LG