Достапни линкови

Милошоски - Црвената боја на Грција не е боја на компромис


Спорот со Грција е ирационален, тешко разбирлив за сите, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во интервју за германскиот дневен весник „Зид дојче цајтунг“.
За Македонија, додава Милошоски, ова е многу емоционално прашање и за неговото решавање мора да се добие согласност од јавноста на референдум. Изнаоѓањето решение можеби ќе биде многу тешко, но не и невозможно кога политичките елити, Владата и опозицијата ќе бидат во него убедени. Тој смета дека изборот на Јоргос Папандреу за нов грчки премиер дава одредена надеж за целиот процес. „Папандреу остварува средби со нашиот премиер на повеќе меѓународни форуми и собири, порано такво нешто не беше возможно. Со Папандреу добивме повеќе фотографирање и насмевки, подобри зборови, но не и реално придвижување. Грција зборува за национална црвена линија. Црвената боја не е боја на компромисот. Атина бара да ги промениме нашите пасоши, интернет страниците, декларацијата на виното кое го извезуваме во Германија, при што истото не смее да се именува како македонско! Тоа е ирационално, нагласува Милошоски.
XS
SM
MD
LG