Достапни линкови

Српската Црква го осуди насилството врз хомосексуалците


Српската православна црква го осудува насилството врз геј активистите и покрај тоа што не одобрува одржување на геј парада овој викенд, објави српскиот весник „Блиц“.
Ултрадесничарски екстремисти ја нападнаа парадата на геј заедницата во 2001 година и предизвикаа откажување на манифестацијата минатата година. Тие го оправдаа својот екстремизам, повикувајќи се на религијата.
Парадата се оценува како тест за демократијата во Србија, која се стреми кон членство во Европската унија.
XS
SM
MD
LG