Достапни линкови

Собрание - Комеморативна седница за Љупчо Јордановски


Собранието на Република Македонија денеска одржа комеморативна седница за поранешниот претседател на Парламентот Љупчо Јордановски, кој почина вчера попладне.
- „Смртта на вашиот сопруг и татко е ненадоместлива загуба и болка. Сепак, како единствена утеха за неговото прерано заминување остануваат неговите дела, како на полето на земјотресно инжернество и инженерска сеизмологија, така и во политичкиот живот на независна и самостојна Република Македонија“, истакна во обраќањето на седницата претседателот на Собранието Трајко Вељаноски изразувајќи сочуство до семејството на Јордановски.
Во својата богата академска кариера Јордановски од 1998 до 2003 година беше редовен професор при Сеизмолошката опсерваторија на Институтот за физика при Природно математичкиот факултет, а од 1993 до 1999 на Рударско-металуршкиот факултет во Штип. Како меѓународно признат експерт по земјотресно инженерство и сеизмологија престојува и учествува во санирањето на последиците од земјотресите во Мексико Сити, во Иран и на други места ширум светот. Член е на Меѓународната група на експерти кои подготвија изосеизмички мапи и бази на податоци за силните земјотреси. Беше и визитинг професор на Универзитетот „Јужна Калифорнија“ во САД.
XS
SM
MD
LG