Достапни линкови

Исправање на грешки


Изучувањето македонски јазик по избор

Изучувањето македонски јазик по избор

Ќе се спроведе ли успешно владиниот проект за интегрирано образование? Опозиционите партии скептични.

Опозициските партии се скептични дека овој пат успешно ќе се спроведе новата владина стратегија за интегрирано образование. Поранешниот министер за образование од Нова демократија, Сулејман Рушити вели дека е сомнително дека оваа ќе биде успешна затоа што Владата само за образование направи 50 стратегии. Тој додава дека последната најава на Владата е поправање на огромната штета што е направена во образованието.

,,Се нанесе огромна штета со првата одлука, мислам дека ова е ретерирање и признавање дека на таков начин неможе да се одвиваат работите. Зошто не започнаа така од почеток, туку се креираше тензија, се креираше јаз и мислам дека таа штета ќе ја плаќаме.“

Владо Бучковски од СДСМ вели дека е песимист затоа што тешко која било реформа да успее во образованието кое е контаминирано со неуспешни проекти.
Обрзованието е толку контаминирано со неуспеси што за жал мислам дека и нема спас на Македонија со оваа политика ...

,,Тоа е толку контаминирано со неуспешни проекти што за жал мислам дека и нема спас на Македонија во овој момент со оваа политика и ваквата поставеност на политичките сили за да нешто се направи во делот на нова реформа во образованието.“

Пратеничката Роза Топузовска Карева својот скептицизам го базира на тензичното искуство од минатиот обид на Владата за спроведување на стратегија за интегрирано образование.

,,За секаква интеграција пред се е потребна свест кај Владата која што ја води државата, да ја развива таа свест и ништо да не биде наметнато без разлика кон која заедница се однесува. Се што се прави насилно предизвикува реакција од другата страна и не води кон интеграција.“

Во владечката ДУИ велат дека се оптимисти за спроведувањето на стратегијата затоа што овој пат нема да биде наметнато да учат од прво одделение како минатиот пат. Претседателот на собрансиката комисија за обарзование Сафет Незири вели дека и албанскиот јазик ќе биде изборен предмет за македонските ученици, однодно во оние општини каде македонското население е малцинство, ќе можат да го изучуваат факултативно јазикот на мнозинството.

,,Факултативно или изборно, но сепак во средина каде што живеаат доминантно претежно Албанци во една општина, тоа ќе биде изборен јазик, или пак таму каде што се Срби или Турци ќе се изучува тој јази, но претежно се зборува за овие два јазици.“

Дел од пратениците сметаа дека има потреба македонките ученици да го изучуваат и албанскиот јазик како втор јазик , но тоа треба да биде на доброволна основа.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG