Достапни линкови

logo-print

Авганистан: убиени шестмина милитанти?


Официјален претставник на авганистанските безбедносни сили во провинцијата Хост соопшти дека во хеликоптерски напад на американските сили биле убиени шестмина милитанти. Тој додаде дека веднаш по нападот дошло до протест на локалното население при што биле извикувани проталибански и антиамерикански слогани. НАТО соопшти дека ќе покрене потрага дали жртвите биле цивили, како што тврди локалното насление.
XS
SM
MD
LG