Достапни линкови

Нобеловата награда за мир за Лиу Ксиаобо


Лиу Ксиаобо

Лиу Ксиаобо

Годинашниот добитник на Нобеловата награда за мир е кинескиот дисидент Лиу Ксиаобо, соопштено е денеска во норвешкиот главен град Осло. Официјален Пекинг го предупреди Нобеловиот Комитет да не му ја доделува наградата на дисидентот кој се ноаѓа во затвор.

Годинашен добитник на Нобеловата награда за мир е кинескиот дисидент Лиу Ксиаобо, соопшти денеска во Осло претседателот на норвешкиот Нобелов комитет, Тхорнбјорн Јагланд.

Тој наведе дека кинескиот активист ја доби наградата за неговата долга и ненасилна борба за основните човековите права во Кина.

Кинескиот активист ја доби наградата за неговата долга и ненасилна борба за основните човековите права во Кина.

54 годишниот Лиу во декември 2009 од судот во Пекинг беше осуден на единаесет години затвор поради тоа што повикувал на политички реформи во Кина, вклучувајќи ги и слободите на здружување и на изразување.

Кина пак од своја страна денеска ја осуди одлуката на Нобеловиот Комитет наградата за мир да му биде дадена на кинескиот дисидент Лиу Ксиаобо.

За Пекинг оваа награда треба да го промовира меѓународното пријателство, а Ксиобаос, според кинеското министѕерство за надворешни работи бил криминалец.

Сопругата на Ксиобао, пак изразувајки одушевеност од одлуката на Нобеловиот Комитет во Осло им се заблагодари на сите за подршката и номинацијата и апелираше до киенските власти да го пуштат од затвор.

Годинава Нобеловиот комитет разгледа рекордни 237 кандидатури за наградата која изнесува скоро милион ипол долари.

Нобеловата награда за мир традиционално се предава на 10 декември во Осло. Се уште не е јасно кој ќе ја преземе наместо годинашниот добитник.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG