Достапни линкови

Четврто продолжение на 121 седница на Собранието


Македонскиот парламент на денешното четврто продолжение на 121 седница, меѓу другото, ќе расправа за предлог законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија во идната година. На дневниот ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности, на Законот за спречување на корупцијата, на Законот за судовите, на Законот за Судскиот совет, на Законот за управните спорови, како и на Законот за судскиот буџет. Ќе се разгледуваат и предлогот за изменување на Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија.
XS
SM
MD
LG